ГОВОРОТ НА МИЦКОСКИ ОТВОРИ ДЕБАТА: „Младите сакаат да бидат дел од ЕУ, опасно е да не се поддржуваат уставни измени“

од Mimi Spasovska

Политичарите со своите дневно политички изјави не треба да ја ставаат државата во неизвесност во однос на европскиот пат, коментира Блажен Малески од младинската организација „Реактор“ по вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред младите сили на партијата, откако повтори дека ВМРО -ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени.

Осврнуавјќи се на истражувањата кои покажуваат дека кај младите кои помалку веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, повеќе расте желбата да се иселат, Малески ја нагласува важноста за потребата властите да ги земат вистински конците во свои раце и да ја забрзаат промената на условите дома.

Блажен Малески

Блажен Малески

– Опасно е мислам да се игра со иднината на државата, особено за европскиот пат кој мнозинството на граѓаните го поддржува и не би требало тоа да биде тема на дневно политички препукувања. Ако генерално политичките партии и политичарите кажуваат дека не подржуваат уставни измени треба да имаат на ум кои се последиците од можното неподржување на уставните измени, зашто генерално младите посакуваат државата да стане дел од ЕУ, но пред се со реформи кои што и тие би ги почувствувале“, вели Малески.

Тој порача дека на младите им треба извесна европска иднина. Според него политичарите треба да понудат поинаква опција за патот на државата, посочувајќи дека уставните измени претставуваат можност за придвижување на земјата кон Европската Унија

– Проблемите се таложат. Тука лежи проблемот, ЕУ нема да не реформира, тоа е и на нас. Кога политичарите веќе дават такви изјави дека нема да ги поддржат уставните измени кои се потребни за Македонија да го продолжи нејзиниот пат, треба да кажаат ако одат по тој пат да понудат која е алтернативата за државата. Вака само со изјави за недавање поддршка за уставни измени личи дека се е во функција на дневно препукување за исполнување на партиски цели, а тоа е доѓање на власт, вели Малески.

Зоран Илиевски

Зоран Илиевски

Зоран Илиевски, извршен директор на Коалиција на младински организации „СЕГА“ за „Локално“ коментира дека нема друг пат освен тој пат кон ЕУ и смета дека секое задоцнување со членството во ЕУ ги уназадува и ги обесхрабрува младите.

– Дел од секојдневието е токму незадоволството од ситуацијата во која живеат младите и затоа решаваат да заминаат од земјата. Членството во ЕУ значи и развој на државата и задржување на младите кај нас. Улсовите кои ќе ги договорат политичарите се договори за идните генерации. Сепак сметам дека од важност за младите е преговорите да отпочнат, да се врати нивната доверба и да се искористи нивниот потенцијал овде кај нас, истакна Илиевски.

Политичарите донесуваат одлуки кои се битни за младите и за граѓаните, продолжува тој, но многу побитни за иднината, која се помалку младите ја гледаат токму поради ваквите политики кои ги имаме во изминатите 30-тина години.

Стефан андоновски

Стефан андоновски

Стефан Андонoвски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО ДПМНЕ меѓутоа  причината за забавување на патот на земјава кон ЕУ не ја гледа во неподржувањето на измените на уставот туку во политиките кои ги води актуелната власт. Тој веле дека младите иднината на државата ја гледаат во ЕУ, но според него тој пат може да се забрза со вистински реформи а не со измени на уствот кои според него не се добри за дражавата.

– Не мислам дека ваквите изјави би го закочиле европскит пат, напротив однесувањето на власта е да го закочува патот зашто нема реформи и во Европа стануваме популарни по издавање пасоши на белосветски криманалци на лица кои с е на црни листа. Тоа не влева доверба кај европските партнери а не се создава и внатрешен порив за напредок Уставните измени се услов за ЕУ зашто некој со лесна рака потпишувал штетни договори, нова влада може штетните договори да ги репрограмира и потоа со силна реформа да с е тргнат препреките”, изјави Андоновски.

Вчера Христијан Мицкоски  кажа дека за разлика од минатото кога нивни пратеници биле убедувани да гласаат за уставни измени, во овој состав не постои човек кој ќе попушти од своите цврсти ставови и да дозволи промена на Устав.Мицкоски смета дека потребно е формирање техничка Влада и најдоцна на пролет да се одржат предвремени парламентарни избори.

Со усвојувањето на францускиот предлог се одблокираа во јуни македонските евроинтеграции. Според овој предлог, внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја.

Дека уставните измени се важни и се дел од европскиот договор во изминатиот период ни порачуваат и меѓународните претставници.

„Полноправното членство во ЕУ во 2030 година не е невозможно, но треба да се работи, вклучително и на  уставните измени“, рече деновиве Францускиот државен секретар за Европа, Лоран Бун.

М.С.М.

Слични содржини