„Говорот на Зеленски ја руши воспоставената практика на Советот за безбедност на ОН“

од Stefanija Kuzmanovska

Говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски во Советот за безбедност на ОН во видео формат не беше усогласен со сите членови на ова тело и дека ќе се случи беше објавено во последен момент, што ја нарушува досегашната практика на Советот за безбедност, изјави првиот заменик на постојаниот претставник на Руската Федерација до ОН Дмитриј Пољански на седницата на Советот за безбедност на ОН во вторник.

„Сериозно сме загрижени за политиката на албанското претседателство во однос на учеството на претседателот Зеленски на состанокот. Немаше консултации со сите членови на Советот за ова прашање. Делегациите всушност беа ставени пред свршен чин во последен момент, објасни Пољански.

„СБ на ОН не треба да се претвори во платформа за далечинска пропагандна кампања на претседателот Зеленски да моли за оружје од учесниците на самитот на НАТО“, рече Пољански.

Слични содржини