Граѓаните на ЕУ ги одобруваат мерките преземени поради руската инвазија на Украина

од Radmila Tasevska

Граѓаните на Европската унија сè уште во голема мера ги одобруваат мерките преземени како одговор на руската инвазија на Украина, покажуваат резултатите од Евробарометарот спроведен во периодот јануари-февруари 2023 година и објавени денес.

Според податоците, 91 отсто од граѓаните поддржуваат хуманитарни акции, 88 отсто поддржуваат луѓе кои бегаат од војната во ЕУ, 77 отсто поддржуваат финансиска поддршка за Украина, а 74 отсто поддржуваат економски санкции против Русија.

Како што е наведено, 65 отсто од испитаниците се за финансирање на набавка и испорака на воена опрема за Украина, а 77 отсто се за заедничка одбранбена и безбедносна политика.

Слични содржини