Град Скопје поднесе претставка против Славески и побара негова оставка

од Nikola Popovski

Против претседавачот на Советот на град Скопје Трајко Славевски е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот во член 16. Законот за локална самоуправа во член 48. и Деловникот град Скопје во член 57. Апелираме, министерството и инспекторатот веднаш да ја разгледаат претставката и соодветно да реагираат во корист на скопјани, соопштија од град Скопје.

Од градската администрација појаснија дека во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на како што велат, човек кој нема основни морални и етички прерогативи.

-Невидено и недозволено е, 45 советници, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славевски кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор.

Скопјани не се должни на сопствена штета да трпат последици поради хировите на еден човек кој има една, единствена и основа задача – воведување на едноумие по примерот на неговиот политички ментор – Христијан Мицкоски. Затоа, од сечија корист би било г-дин Трајко Славевски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје, смислената хајка поради политичката нетрпеливост и поради потребите на ПР тимот на Христијан Мицкоски, велат од Кабинетот на Арсовска.

Слични содржини