Град Скопје: Билетот од 120 денари може да се користи низ целиот ден

од Nikola Popovski

СДСМ повторно лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП. Имено, билетот кој сега ќе се продава за 120 денари и граѓаните ќе можат да го користат во текот на еден ден неколкукратно, односно неограничено во времетраење на 24 часа, е веќе решение кое што поранешното градско раководство го вовело, а истото сега се имплементира, реагираа од Градот Скопје после обвинувањата од владеачката партија.

Од таму велат дека градот во соработка со ЈСП во континуитет ќе работи на подобрување на условите на патниците, односно корисниците на градскиот превоз, иако СДСМ и понатака се обидува да ги спинува информациите и да работи на штета на граѓаните.

СДСМ соопшти дека во време на криза, наместо да им помогнат на граѓаните, градоначалничката Данела Арсовска и ЈСП воведуваат поскап билет.

Слични содржини