Град Скопје го уредува просторот кај Соборниот храм пред доаѓањето на патријархот Порфириј

од Nikola Popovski

Во пресрет на утрешниот празник и официјална посета на делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од српскиот патријарх Порфириј, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на средување на просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

-Во рамките на овие активности, на околните сообраќајници и крстосници, како и на тротоарите во близина извршена е санација на оштетувањата на коловозите, обновена е хоризонталната сообраќајна сигнализација со ноќно бележење, поставени се нови заштитни столчиња, а санирани се и оштетените столпчиња, информираат од Градот.

Министерството за внатрешни работи информираше дека утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во тој дел од градот.

-За сообраќај ќе бидат затворени бул. Партизански одреди од крстосница со ул. Аминта Трети до крстосница со бул. ВМРО и ул. Св.Климент Охридски од крстосница со бул. Илинден до крстосница со ул. Димитрие Чуповски во Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, наведено е во соопштението.

Слични содржини