Град Скопје најави градежна офанзива и реконструкција на улици

од Vladimir Zorba

Град Скопје годината ја започнува со целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри уште во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, соопштија од Градот.

Според нив, станува збор за „сообраќајници кои долги години не биле реконструирани, а граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени асфалтни површини кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на граѓаните и ги оштетуваат возилата“.

Реконструкцијата започнува на 20 јануари на улицата „Никола Карев”, булевар „Кузман Јосифовски Питу” од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул.Борис Кидрич, реконструкција на булевар „АСНОМ” од раскрсницата со бул.„Србија” до ФФМ, улицата „Христо Татарчев” од раскрсницата со ул. „Народни Херои” до кружен тек со бул.„Србија”, ул.„Србија”, „Тодор Александров”, ул. „Перо Наков” од бул.„Киро Глигоров” до раскрсницата со ул.„Маџари”. Реконструирани ќе бидат и улиците „Радишанска”, „Војдан Васил Чакаларов”, „Волково” и улица „Фрањо Клуз”.

„Програмата и програмските активности на Град Скопје се реализира преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање на брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена“, велат од администрацијата на Арсовска.

Слични содржини