Град Скопје тврди дека немаат заостанати обврски кон приватните превозници

од Nikola Popovski
37 прегледи

Откако во Скопје има редуциран градски превоз, а дел од приватните превозници најавија дека ќе сообраќаат само со по еден автобус на една линија наутро, од Град Скопје реагираа и ги демантираат ваквите наводи. Тврдат дека јавниот градски превоз функционира нормално, наспроти, како што велат, напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје.

-За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.

Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски, стои во соопштението на Град Скопје.

Дел од приватните превозници бараат да им се исплати долгот од градските власти и зголемување на цената. Решение ќе се бара на средбата со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје.

Други приватници велат дека нивните автобуси ќе сообраќаат со нормален возен ред.

Од Град Скопје обвинуваат дека од трите пакети со кои оперираат приватните превозници нема да возат само оние автобуси чиишто претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот почна постапка за надомест за штета.

Слични содржини