Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин“.

Уривањето на галијата во Вардар пред месец и половина беше стопирана поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот.

Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, со кој се потрошија 700 милиони евра за да се измени ликот на центарот на Скопје. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар.

Слични содржини