Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители

од Берта Китинска
250 прегледи

„Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред. Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност“-вака реагираат од Град Скопје, во врска со прес-конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во која портпаролката на партијата, Марија Митева истакнува „Градот Скопје со Шилегов наместо проекти за скопјани, финансира здруженија кои се сомничат за педофилија“.

„Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат“-стои во реакцијата на Град Скопје.

 

Слични содржини