Град Скопје за викендот ги засилува инспекциските контроли за непрописно паркирање на Водно

од Берта Китинска

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, пишува во објавата на Град Скопје на Фејсбук.

„Минатиот викенд благодарение на овие засилени контроли беше избегнат метежот од возила, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација. Градските инспектори изрекоа околу 30 казни за непрописно паркирање на Водно, а бесплтаните автобуси беа преполни со патници“, велат градските власти.

Град Скопје им препорачува на граѓаните и овој викенд да го искористат бесплатниот автобуски превоз и да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.

Слични содржини