43
Од Град Скопје реагираат на денешното соопштение од Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор СПАЈС при Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, поврзано со ненавремената исплата на платите во јавното претпријатие.
„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата. Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати. Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија. Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат“, велат од Градот.