Град во Кина нуди награда од 15.640 долари за информации за потеклото на локалната епидемија

од Milan1

На жителите на еден кинескиот град на границата со Русија локалните власти му објавија т.н „народна војна“ на коронавирусот. За жителите на Хеихеи, во североисточната провинција Хејлонгџијанг, властите предвиделе награди од 15.640 долари доколку помогнат во „Борбата против коронавирусот“.

Според кинеските државни медиуми, властите ги повикале луѓето во пограничниот град да го пријават секој случај на нелегален лов, шверц на животни или луѓе кои ја минуваат границата заради риболов, и понудиле вредна награда за таквата информација.

Населението е предупредено и на строги казни за оние кои намерно кријат релевантни информации.

Властите се посветени на стратегијата „ковид нула“ и спроведуваат низа ригорозни мерки за коронавирусот или т.н „народна војна“ и обид повторно да го елиминираат од заедницата.

Според „Глобал тајмс“, здравствените власти си поставиле цел пред крајот на годината да ги вакцинираат сите деца на возраст од 3 до 11 години кои ги исполнуваат условите.

Слични содржини