Градночалникот на Крушево се огласи: Иако од почетокот внимавав и се грижев, сега сум позитивен на Ковид 19

Следен на листата заразени функционери, е и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски кој на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид 19.

„Од почетокот на кризата со коронавирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и не секогаш можеме да го избегнеме. Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова. Почитувајте ги мерките за заштита, носете маска, вршете дезинфекција и држете меѓусебно растојание, само така ќе се заштитите себеси, но и другите “, се вели во фејсбук објавата на Христоски.

Слични содржини