Градоначалничката Петровска во увид на Модуларната ковид болница во Битола

Денес сиректорката на ЈЗУ Клиничката болница, како и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска извршија увид во рамки на теренските активности, за поставувањето на Модуларната болница во Битола.

Модуларниот ковид центар содржи 3 модуларни градби, од нив 2 наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

„Во предвидениот рок од три недели, Општина Битола и битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот. КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод поставија канализационен и водоводен систем. Поставувањето на Мудуларниот ковид центар е поддржано и од општинските советници кои ја прифатија одлуката на Петровска за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет“, посочија во соопштението од општина Битола.

Слични содржини