Градоначалник изрешетан затоа што вовел мерки против корона: На нарко-картелот не им се допаѓала оваа одлука (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Мексиканскиот градоначалник, Обеда Дурон Гомез, беше убиен од страна на нарко-банди, бидејќи ги блокирал патиштата кон неговиот град за да го запре ширењето на коронавирусот.

Гомез, првиот човек на Махахуала, бил убиен додека патувал во јужната мексиканска држава Кинтана Ро.

Тој бил во бел минибус со повеќе патници кога друго возило се провлекло покрај нив и отворило оган. Бил однесен во болница, каде завршил на операција, но не успеале да го спасат. Напаѓачите избегале, а истражителите на местото на настанот пронашле 20 потрошени чаури од огнено оружје, како и возило користено во нападот.

Гомез добил закани од криминалните банди кои преземаат пратки од дрога од брегот, откако решил да ги блокира пристапните патишта на Махахуала заради коронакризата. Според локалните медиуми, локалното население често преживува така што ги бара пакетите со кокаин кои се исфрлени од авион на дилери на дрога на брегот на Карибите.

 

Колумбиските дилери на дрога, наводно, користат авиони за фрлање дрога во морето пред да ги соберат чамците, но понекогаш бродовите не се доволно брзи и дрогата стигнува до плажите, каде ги преземаат мештаните и ги продаваат.

Мотивот за убиството и сите околности на настанот сè уште се испитуваат.

Слични содржини