Градоначалникот Богоев на молитвен појадок кај Трамп

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев од понеделник, ќе биде во посета на Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покровител е Доналд Трамп. Богоев најави средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).

Фото: Борче Поповски

„Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми“, напиша Богоев на својот Фејсбук профил.

Молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во февруари. Идејата е на Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло.

Слични содржини