Градоначалникот на Благоевград за клубот „Никола Вапцаров“: Општината нема врска со отворањето, не сум издал дозвола

од Nikola Popovski

Ниту издадов дозвола, ниту забрана за отворање македонски културен клуб. Ако некој шпекулира со моето име и институцијата на градоначалникот, тоа е лага, вака градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов го коментирал претстојното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во недела.

Според него, овој настан нема никаква врска со општината.

-Ние немаме никаква врска со тоа. Група луѓе изнајмиле простории од приватно лице и решиле да направат клуб. Општината нема да го официјализира овој приватен настан. Добив покана за отворањето, но нема да одам, изјавил Стојанов за бугарски „24 часа“.

Здружението на Македонци во Бугарија, „ОМО Илинден – Пирин“ претходно соопшти дека „отварањето официјално го дозволил градоначалникот“.

Како што денес објавија од таму, на отворањето ќе присуствуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и делегација на Левица. Вчера стана јасно дека премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува во Благоевград. Сепак, тој ги повика сите што имаат можност да одат на настанот.

 

Слични содржини