Градоначалникот на Бутел позитивен на Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, доцна попладнево на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на ковид-19 и истиот е позитивен.

Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Смилевски.

Слични содржини