Градоначалникот на Гази Баба од Инфективна: Со сплотеност ќе успееме да ја добиеме битката со ова зло наречено коронавирус

од Берта Китинска

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на Ковид-19. Тој е хоспитализиран на Инфективната клиника. И се огласи на Фејсбук:


Искрена благодарност за грижата до сите кои се јавувате и ми пишувате мене или на моето семејство. Со огромна посветеност и пожртвуваност на докторите и сите медицински лица се надевам дека секој од нас тука многу брзо ќе ја добие битката со коронавирусот.

За жал, ги читам и малициозните информации и лаги кои некои портали ги објавуваат. Ве замолувам да не им се лутите и да не им земате за зло.

Да останеме сплотени бидејќи само на тој начин ќе успееме како општество да ја добиеме битката со ова зло наречено коронавирус. Јас и понатаму ќе ги следам препораките на лекарите и ќе постапувам согласно нивните насоки.

Општина Гази Баба и целиот тим продолжува тековно да функционира бидејќи потребите на моите сограѓани остануваат секогаш приоритет и за мене и за Општината. Ви благодарам уште еднаш и се гледаме наскоро!, напиша Георгиевски.

Слични содржини