Градоначалникот на Кисела Вода е позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, е позитивен на ковид-19.

Тој ја соопшти веста на социјалните мрежи, каде посочува дека се чувствува добро и се надева дека така и ќе остане.

„Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на Ковид 19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен на ковид-19. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам“, објави Темелковски.

Слични содржини