Градоначалникот на Крим: Активирана противвоздушна одбрана во Армјанск

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Крим Василиј Телиженко денеска соопшти дека Русија ја „активирала“ противвоздушната одбрана во градот Армјанск на северот на Крим и дека не се планира евакуација на градот, откако во тој регион се слушнале експлозии.

„Ве молиме останете смирени, воздушната одбрана е активна. Ги консултирав сите служби и се е во ред. Постојат некои луѓе во Украина кои ја дестабилизираат ситуацијата“, напиша тој на социјалната мрежа Телеграм, пренесува ТАСС.

Претходно оваа недела, на проукраинските канали на Телеграм се појавија извештаи во кои се наведува дека луѓето се евакуираат од Армјанск.

Слични содржини