Градоначалникот на Крушево: Дел од коњаниците ја бојкотираат манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски е разочаран поради како што вели, бојкот на дел од коњаниците за организацијата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

-Свесно или не сакаат да ја нарушат традицијата на пречек на коњаниците. Дали се работи за одредено политичко влијание или партиска (не)подобност? На ова прашање ќе имаме одговор во наредните неколку дена. Сакам да ги известам граѓаните и посетителите на Крушево дека се додека сум градоначалник традицијата ќе ја чуваме и негуваме, затоа што Илинден е нашиот идентитет. Илинден е нашата сила за иднината. Иднината е на сите, без оглед на припадност по партија, религија и националност, објави Христоски.

Тој бара да се негуваат вистинските вредности и да се оттргне манифестацијата од секое политичко влијание.

Манифестацијата започнува денес со поворка од центарот на Крушево во 18 часот.

Слични содржини