Градоначалникот на Куманово, Димитриевски бара да се затвори градот

од Берта Китинска

Бараме контиунирано да се затвори градот, на кое што досега не наидовме на разбирање. Ние ќе ги почитуваме мерките и се надевам дека набрзо ќе најдеме решение, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој додаде дека се планира набавка на дополнителна количина дезинфекциски средства и дека на крајот Македонија ќе ја добие битката со коронавирусот.

-Кумановчани се многу горди и многу темпераментни луѓе и мислам дека ќе ја пребродиме ситуација. На крајот и Куманово и Македонија ќе победат. Имаме мали залихи на дезинфекциски средства, но одвоивме средства истите да ги набавиме. Во моментов се врши интензивна дезинфекција, додаде Димитриевски.

Слични содржини