Градоначалникот на Неготино упати апел до жителите од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот

од Nikola Popovski
117 прегледи

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов упати апел до населението во општина Неготино, особено во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта.

Стојанов бара мештаните да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот.

Од ЦУК утрово објавија дека генерално, нема опасност за населби и инфраструктура од големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, со опсег од десетина километри и дека гаснењето продолжува.

Во раните утрински часови, се дејствувало врз пожарот во реон на армискиот воен полигон од страна на ТППЕ – Неготино и јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население.

-Опасниот крак од пожарот што ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што, не постои повеќе опасност од пожарот за двете села, велат од ЦУК.

Слични содржини