Градоначалникот на Тетово Касами на средба со сопственикот на „Еколог“ бизнисменот Дестани

од Destan Jonuzi

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, во рамки на посетата на Германија, се сретна со Лазим Дестани, сопственик на најпрестижната тетовска компанија „Еколог“.

Како што соопштија од Општината, тема на разговор било продлабочувањето на соработката меѓу Општина Тетово и компанијата Еколог, како и изнаоѓање нови можности за инвестирање во нашата земја.

-Општина Тетово и г-дин Дестани ја делат истата визија за градот Тетово, а тоа е посветеноста на работата, развојот и целосната трансформација на Тетово во европски град. Нашиот град го гледаме како место со перспектива, како место на кое му треба развој, затоа ги поздравуваме сите оние кои сакаат да инвестираат во нашиот град и да реализираат различни проекти кои се за доброто на граѓаните, стои во соопштението од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Слични содржини