Градоначалникот на Вухан: Дали кинеските власти реагираа бавно и лошо на коронавирусот? (фото)

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Вухан, Жу Зианвнаг индиректно во интервју за CCTV призна дека тамошните власти реагирале бавно и лошо на тековната здравствена криза предизвикана од коронавирусот.

– Што се однесува до незадоволството од нашето откривање информации …. Се надевам дека ќе разберете дека се занимаваме со епидемија и дека сме обврзани со Законот за инфективно заболување, затоа мора да откриеме информации со закон. Како локална власт, штом ќе ги добијам информациите, морам да побарам одобрение пред да ги објавам. Тогаш многу луѓе не разбраа. После тоа, особено откако Државниот совет свика состанок на 20 јануари и ја прогласи оваа болест за заразно заболување од категорија Б, кое е контролирано од категорија А, мислам дека нашата работа стана поактивна. И во однос на многу принудни мерки, ние веќе не доцниме. Наместо тоа, ние бевме построги од другите, на пример, во одлуката да го заклучиме Вухан и да ги откажеме метроата, автобусите, фериботите и возовите на долга релација. Бевме решени, но, после тоа, функциите на градот беа променети, и така се менуваше и секојдневниот живот на обичните луѓе – рече тој.

Бројот на заразени лица достигна до 2.700, а бројот на починати 81. Меѓутоа, многумина веруваат дека овие податоци не се валидни, односно реалниот број  на заразени и починати е далеку поголем. Кина беше насочена кон слични обвиненија во 2003 година, во време на епидемијата САРС.

Слични содржини