Градоначалниците на Скопје, Чаир, Карпош и Центар не се чувствуваат обесправени поради помошта од половина миолион евра за Арачиново

од Берта Китинска

Во тек е цела разработка на проектите кои општините заедно со Град Скопје ги доставија до Владата. Со цел да и се помогне на локалната влас. Сметам дека со одлуката за помош на општина Арачиново за справување со ковид-кризата нема обесправени општини во таа смисла јас очекувам а дека владата ќе излезе со таков  концепт и за останатите општини изјави денеска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

И градоначалниците на Чаир, Карпош и Центар се согласни дека не се обесправени со Владината помош за Арачиново.

– Карпош аплицираше со два проекти.Добивме горе-долу иста сума пари за спроведување, но од парите наменети за карго-аеродромот на ТАВ што требаше да се изгради во Штип – вели градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

И градоначалникот на Општина Центар вели дека и тие кога аплицирале добиле помош.

– Ние добивме проекти во вредност од 800.000 евра, за обнова на училишта, за инфраструктура. Не се чувствуваме обесправени што Општина Арачиново добила половина милион евра за справивање со проблемите предизвикани од Ковид-19, изајви Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

За градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, такви пари се добредеојдени за општините, затоа што ќе можат да направат некои поголеми проекти, кои со буџетот на општината не можат да ги испланираат и да ги завршат.

Владата на вчера донесе одлука да му додели помош од 30 милиони денари на Општина Арачиново, како еднократна финансиска поддршка за справување со потешкотиите настани поради Ковид-19 кризата.

„Донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата.“

Слични содржини