Графикон кој покажува зошто короната е толку опасна и колку лесно се шири (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Либанскиот доктор Рами Ј. Рахме, од Универзитетот во Париз, направи графикон во кој ја претстави пандемијата на коронавирус на ниво на целата популација.

Тој користел податоци од универзитетски истражувања и од реномирани медицински списанија, како што е „Лансет“.

Според графиконот, 30 отсто од заразените воопшто не ги чувствуваат симптомите, но сепак се „заразни“ 14 дена, по што развиваат имунитет. Ова е опасно бидејќи луѓето кои немаат симптоми може да имаат поголема веројатност да го пренесат вирусот на други. Смртноста во оваа група е 0%.

Потоа, луѓето кои имаат благи симптоми по 5 дена, остануваат изложени на ризик за другите многу подолго, околу 23 дена според овој графикон. Тие сочинуваат најголем дел од заразените – 55 отсто. Смртноста е исто така на нула.

10 отсто од заразените развиваат сериозни симптоми, ќе бидат хоспитализирани, а периодот на заздравување ќе трае подолго од 25 дена. Ваквите случаи имаат стапка на смртност од 15%.

Конечно, најлош можен исход на инфекција со коронавирус е потребата да се користи респиратор среде сериозни компликации на болеста „Ковид-19“. Смртноста на пациентите на респиратор е дури 50 отсто, а ваквите случаи учествуваат со 5 проценти од вкупниот број на заболени.

Слични содржини