Граѓанаската иницијатива „На точак“ со реакција, испратено барање до 10 скопски градоначалници

Писмено барање до градоначалниците на скопските општини, односно до катедрите задолжени за јавниот интерес и законската надлежност која ја имаат во полето на урбанистичкото планирање, изградба, реконструкција на улици и регулирање на режимот на сообраќајот, справување со проблемот со непрописно паркирање, унапредување на здравјето, согласно Член 22 од Законот за локална самоуправа, кој евидентно не се почитува доволно, испратија денес од граѓанската иницијатива „На точак“.

„Во изминатите години сведоци сме како Град Скопје ослободи и уреди многу од пешачките и велосипедските патеки на примарната мрежа. Но, општинските улици премногу заостануваат во тој поглед. За да биде пешачењето и возењето велосипед безбедно и удобно, предлагаме општините самостојно, во меѓусебна соработка и соработка со Град Скопје да почнат да работат веднаш на пет предлози кои ги даваме, а се во доменот на нивната законска обврска“, посочија од граѓанската иницијатива.

Имено, нивните барања, како што велат го конкретизираат проблемот со паркираните возила на тротоарите,бараат создавање на задоволителна локална велосипедска мрежа, да се намалат жртвите во сообраќајот, ограничување на брзината на 30 киломатри на час за најголем дел од мрежата, освен булеварите, или 20 километри на час каде што сите учесници во сообраќајот ја користат истата коловозна лента, редизајнирање на улиците во насока на поголема безбедност, возможно, достапно и безбедно паркирање на велосипеди, особено за нови објекти, како и поттикнување на овој тип на здрав, зелен сообраќај преку субвенции.

„Петте точки се во насока на обезбедување на непречено движење и безбедност на сите категории граѓани, а не движење кое предизвикува револт и загрозување на човечкиот живот. Додека изминатите години се работеше на подобрување на примарната велосипедска и пешачка инфрастуктура што во комбинација со субвенициите за велосипеди на повеќе општини директно придонесе бројката на велосипедисти да расте од година во година, локалната патна мрежа не успеа да се прилагоди на новонастанатите промени во користењето на превозните средства, доведувајќи ја во прашање безбедноста на најранливите учесници во сообраќајот. Поради тоа, „НаТочак“ бара дадените предлози и сугестии да бидат разгледани сериозно и вклучени во општинските буџети“, пишува во соопштението испратено до медиумите од иницијативата „На точак“.

 

Слични содржини