Граѓанинте кои ќе се лекуваaт во приватна болница ќе треба да платат максимум до 300 000 денари

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче  соопшти дека откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати е 300 илјади денари.

– Ако е комплексно лекување и долго трае, максималната сума на пари која ќе треба да ја плати граѓанин е 300 000 денари. Станува збор за сума што пациентите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума на пари.Ако треба ние да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници, тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници, а Фондот си ја презема услугата на плаќање. Таква ситуација засега нема, појасни Филипче.

Слични содржини