Министерството за транспорт и врски ги потсетува граѓаните дека на сила и натаму е одлуката за затворање на „Меѓународниот аеродром Скопје“ и аеродромдот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како резултат на пандемијата на коронавирус.

Од таму апелираат до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети и дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци, се додека Владата не донесе нова одлука.

„За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека одлуката за прекин на авионскиот сообраќај на важи само за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Од Министерството за транспорт повикуваат граѓаните да ги следат информациите од Владата бидејќи во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Слични содржини