Граѓаните ќе се вакцинираат во 48 кабини во спортската арена

од Берта Китинска

Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 4000 граѓани дневно во „А1 Арена“.

На пунктовите за вакцинација ќе бидат ангажирани околу 20 медицински сестри и 5 доктори, а салата од понеделник ќе биде работно место и за дел од вработените во администрацијата на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

-Денес  во „А1 Арена“  се одржа обука на која присувствуваа студентите од Фармацевтски факултет заедно со колегите од Медицински факултет кои активно ќе се вклучат и ќе дадат придонес во процесот на вакцинација против КОВИД-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

За почеток ќе бидат вакцинирани околу 4.000 луѓе дневно ширум државата, а се верува дека таа бројка за кратко време ќе достигне и 7.000.

Имунизацијата во понеделник ќе започне со вакцината „Спутник“.Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија.

Слични содржини