Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест

од Nikola Popovski

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија односно претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска, на кој било одлучено за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за српските медиуми изјавил дека граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.

„Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија, или пак оттаму во Србија без ПРЦ-тест“, рекол Вучиќ.

Слични содржини