Граѓаните на Русија одлучуваат за измени во Уставот: Гласаше и Путин, се појави на избирачкото место во Москва (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Рускиот претседател Владимир Путин гласаше во Москва за измените во уставот на земјата. Тој се појави на гласачкото место во Руската академија на науките.

По повод прогласување на измените на Уставот, Претседателот на Русија вчера им се обрати на граѓаните на Русија и ги покани да излезат на гласање.

„Барам сите да го кажат своето мислење. Секој глас е важен“, рече Путин во обраќањето до нацијата.

Путин истакна дека граѓаните на Русија го даваат својот глас за земјата во која сакаат да живеат, а измените на Уставот ќе стапат во сила само доколку народот ги одобри.

„Ние не гласаме за едноставни измени изразени во јасни законски норми. Ние гласаме за земјата во која сакаме да живееме. Со модерно образование и здравствена заштита, сигурна социјална заштита на граѓаните. Со ефикасна влада која му служи на општеството. Ние гласаме за земјата во која работиме и што сакаме да им го пренесеме на нашите деца и внуци “, рече рускиот претседател.

Гласањето започна на 25 јуни за да се заштити населението од пандемија на коронавирус, а денес е последен ден.

Според Централната изборна комисија, одѕивот до 11 часот по московско време е 56,28 проценти.

Измени и дополнувања на Уставот на Руската Федерација

Во јануари 2020 година, Претседателот на Русија предложи измени во основниот закон на земјата, што ќе го направи овој документ повеќе усогласен со современите потреби. По дискусијата на работната група за измените, Државната дума на Русија го усвои нацрт-законот даден од Путин на 11 март.

Во истиот ден, предлогот беше одобрен од Советот на Федерацијата. После тоа, рускиот претседател потпиша указ со кој се уредува гласањето за измените на Уставот да биде на 22 април, но овој датум подоцна беше одложен поради пандемија на коронарна вирус.

Сегашниот Устав беше усвоен во 1993 година.

 

Слични содржини