Граѓански организации на протест, бараат РКЕ да ја повлече одлуката за поскапувањето на струјата

од Берта Китинска

Протестот организиран од повеќе граѓански организации почна денеска во 18:00 часот и се уште е во тек.

Нивните барања се РКЕ да ја повлече одлуката за поскапувањето на струјата, намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти.

– Ние сме упорни без разлика на бројноста, сепак ова е граѓански протест. Тука нема никаква партиска, верска, национална припадност. Граѓаните протестираат, ние не се откажуваме. Ако не одговорат надлежните, размислуваме за еден масовен протест тука во Скопје од сите градови, изјави претседателот на Конфедерацијата на Синдикални организации, Марјан Петрески.

Слични содржини