Граѓаните вечерва продолжуваат со протести во центарот на Скопје по објавените материјали во вторникот од страна на опозициската СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешкоски.
Демонстрантите околу 18 часот се собраа кај улиците во близина на Владата, до чија зграда беше оневозможен пристапот од полициските сили. Преку протестот бараат одговорност од власта за случајот со убиството на Нешкоски и реагираат на, според нив, полициската бруталност.
Откако беа спречени да протестираат пред зградата на Владата, се упатија кон Министерството за внатрешни работи за таму да го изразат својот револт. Претходно полицијата, како и вчера и завчера ги блокираше сите пристапи до владата.
Вчера освен пред Влада, им беше забрането да протестираат и пред Јавното Обвинителство.
Протести се најавени и во други градови.
Фото: Либертас