Граѓански организации презентираа пакет реформи за излез од кризата

од desk3

Десетина граѓански организации и експерти денеска го презентираат „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени што треба да се спроведат во земјата.

debata-nevladini1

Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи, кои ќе создадат услови за слободни, фер и веродостојни избори.

Иницијаторите велат дека документот ги покрива итните демократски реформи во клучни области што беа препознаени и во извештајот на Прибе, а во документот детално се разработуваат неколку области: јавни финансии и економија, судство, борба против корупцијата, избори, медиуми, јавна администрација, контрола врз полицијата и врз тајните служби, Собрание и граѓанско општество.

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

Инцијативата потекна од експерти и од неколку организации: Граѓанската асоцијација „Мост“, Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Институтот за европска политика, Институтот за комуникациски студии, Македонскиот центар за европско образование, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, Хелсиншки комитет, Центарот за економски анализи и „Цивил“ – Центар за слобода.

 

META

loading...

Слични содржини