Гранатиран трговски центар во Украина: Пожарот голта сѐ пред себе (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Трговскиот центар во украинскиот град Кременчук денеска бил погоден од проектил, додека во него имало голем број луѓе.

Нападот се случил во град во централна Украина на брегот на реката Днепар. Градоначалникот на градот Виталиј Мелецки кој ја објави веста на Фејсбук изјави дека е на лице место, но не објавил за жртви.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, дополнително соопшти дека во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 луѓе и дека избувнал пожар.

„Окупаторите погодија трговски центар во кој имаше повеќе од 1.000 цивили. Центарот гори, спасувачите се обидуваат да го изгаснат пожарот, бројот на жртви е невозможно да се замисли. Трговскиот центар не претставувал никаква закана за руската армија. нема стратешка вредност. Луѓето само сакаа да живеат нормален живот, што е она што толку многу ги лути окупаторите. Од беспомошност, Русија продолжува да ги удира врз обичните луѓе. Залудно е да се очекува дека тоа е разумно или хумано“, навел Зеленски на Телеграм.

Дописникот на „Економист“ Оливер Керол известува за „хорор сцени“, цитирајќи го човекот со кој разговарал по телефон.

Тој посочил дека во погодениот трговски центар има голем број луѓе и дека ѕидовите на зградата се рушат.

 

 

Слични содржини