Границите ќе бидат отворени во координација со соседите, најави Спасовски

од Берта Китинска

Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите.

– Се разговара и со соседните земји, како и со земјите од ЕУ за отворање на границите. Во наредниот период треба да се чека една таква одлука за отворање на границите, билатерални соработки, реципроцитет – рече Спасовски.

Воедно Спасовски, напомена дека до крајот на неделата ќе се направи проценка дали ќе се укине вонредната состојба која завршува во сабота.

„Мора да се крене свесноста на повиско ниво, во време кога разговараме за подигнување на мерките. Едноставно, државата не може да живее постојано под рестриктивни мерки,“ рече Спасовски.

Слични содржини