Границите меѓу Србија, Бугарија и Грција ќе бидат отворени од први јуни

од Aleksandar Petrovski

Границите меѓу Србија, Бугарија и Грција ќе бидат отворени на први јуни, додека за туризам Грција ќе биде отворена од 15 јуни, дознава Блиц.рс.

Тоа е договорено на видео-состанокот меѓу лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија.

На тој начин државните раководства пробуваат да ја спасат економијата, но со гарантирање на безбедност на сите граѓани.

На состанокот учествувале српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Грција, Бугарија и Романија, Киријакос Мицотакис, Бојко Борисов и Лудовик Орбан.

Слични содржини