Грчева: Агенциите за вработувања на партиски кадри треба да се откажат од големите плати со владина уредба

од Nikola Popovski

Во вечерашната „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ, политичкиот експерт Солза Грчева смета дека еден куп агенции за вработувања на партиски кадри, дури и тие со огромни плати, не се откажуваат од намалување и дека не треба да се остави на нив да одлучуваат за тоа.

„Треба владина уредба со која и тие ќе го понесат делот од товарот во оваа ситуација. Исто така, добро стоечките фирми, кои со години работат треба да понесат одреден товар во склад со нивната заработувачка. Компаниите во регионалниот пазар, како што се телекомуникациските фирми и оние во енергетскиот сектор, треба да имаат данок на добивка од 50%, фирмата која заработува над 5 милиони евра во годината, треба да има 30% данок на добивка итн. Сите треба да бидеме солидарни за да се издржи оваа тежина“, изјави Грчева.

Слични содржини