Грчка чорба со лимон и ориз

од desk2

Вкусна и освежувачка чорба со лимон…


СОСТОЈКИ:
1 шолја ориз
2 л бистра пилешка супа
3 жолчки
1 лажица густин
1 шолја млеко
1 лимон
1 лажица путер
1 лажица листови магдонос
бибер
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете ја супата да зоврие, па додајте измиен ориз. Гответе околу половина час.

Посебно разматете густин, жолчки и млеко да добиете глатка маса. Додајте сок од лимон, добро измешајте, па масата во тенок млаз ставете ја во врелата супа, непрекинато мешајќи, да не се направат грутки.

Кога чорбата ќе згусне, измешајте путер и ситно сечкан магдонос. Послужете ја топла.
Добар апетит!

Слични содржини