Грчката АНА-МПА: Македонските коментатори го користат терминот „Македонија“, спротивно на Договорот од Преспа

од Nikola Popovski

Откако неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наоѓа на македонските дресови, со реакција излезе и АНА-МПА, државната новинска агенција на Грција.

Тие бараат од коментаторите на МРТВ да го користат официјалното државно име кога настапува македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„И покрај фактот дека „МРТ“ се финансира директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот го стори токму спротивното. Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за „националноста на Македонија“ и ја нарекуваа земјата „Македонија“.

Во никој случај тие не зборуваа за „државјанин на Северна Македонија“ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „Северна Македонија“, реагира АНА-МПА.

Претходно на Грците им пречеше тоа што ФФМ е кратенка од Фудбалска федерација на Македонија. Според нив тоа е спротивно на договорот помеѓу двете земји потпшан во 2018 година.

Во жалбеното писмо тие велат дека може да стои СМ (Северна Македонија) или РСП (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.

Слично жалбено писмо испратил и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас до неговиот колега од Македонија.

Слични содржини