Грчката цивилна заштита со порака на мобилните телефони ги информира граѓаните за коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Преку бројот за итни случаи 112, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, синоќа испрати порака со упатства за коронавирусот до сите корисници на грчките мобилни оператори, јави дописничката на МИА од Атина.

На лицата од ранливите групи граѓани им препорачуваат да останат дома колку е можно повеќе, а за останатите, и при најмал симптом на вирус, да останат дома и да разговараат со лекар, пред да отидат во болница.

-Одржувајте ја личната хигиена. Не се изложувајте самите и другите на ризик, пишува на крајот на пораката што е на грчки и англиски јазик.

Слични содржини