Грчки државјанин лишен од слобода на граничниот премин „Богородица“

од Vladimir Zorba

Грчки државјанин вчеравечер на граничниот премин „Богородица“ е лишен од слобода поради спречување службено лице во извршување на службена должност при царинска контрола.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се работи за лицето П.П (21) од Грција кој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Богородица“ за понатамошна постапка.

Слични содржини