Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Грчки невладини организации ги насочуваат бегалците кон Македонија

Грчки невладини организации ги насочуваат бегалците кон Македонија

Бегалците влегоа во Македонија, насочувани од грчки невладини здруженија.

бегалГрчки невладини организации ги  насочуваа  1000-та бегалци, кои ја пробија македонско-грчката граница кај село Моин крај Гевгелија.  Претходно беше соопштено дека 700-800 од оваа група имигранти успеале на упаднат во Македонија токму во истиот регион. Според повеќе извори активисти на грчките невладини организации ги насочиле кон овој регион, дури и делел флаери и карти како да се движат и кога да тргне пробивањето

Изворите откриваат  уште дека за оваа група бегалци не била извршена проверка и регистрација. флаерПатем три лица загинаа во инцидентот со инвазијата  на мигранти, а меѓу жртвите е и бремена Авганистанка. Македонската армија и полиција реагираа смирено и во моментов бараат начин да ги вратат новодојденците назад во Грција. Тие се обидуваат исто така да ги блокираат главните точки, од кои влегуваат мигрантите.

Грција дели флаери на арапски на мигрантите како да ја минат границите и да навлегуваат во Македонија

Неколку новинарите на меѓународните агенции порано соопштија дека илјадници мигранти го напуштиле кампот од грчката страна на границата кај село Идомени и бараат начин да влезат во Македонија.И тие заедни со мигрантите влеглењ на македоснка територија

Мариана Каркулаки, новинарка која ја покрива бегалската криза во Грција на својот „Твитер“ профил соопшти дека фоторепортерот Димитрис Тосидис и уште 30 други новинари и активисти биле уапсени од македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница.

Idomenireportaza-Meta-5

„ИТНО: фоторепортерот Димитрис Тосидис е уапсен од страна на македонската армија, како за време на нивното известување од преминувањето на бегалците. Повеќе од 30 новинари и активисти се уапсени, но Димитрис Тосидис известува дека сите се во ред. Тие треба да платат казна од 250 евра“, пишува Каркулаки на својот „Твитер“ профил.

Македонската полиција и војската почнаа да ги депортираат мигрантите на грчка територија. Поголемиот дел од луѓето кои вчера илегално ја поминаа границата кај гевгелиско Моин и влегоа во селото, почнале да сеповлекуваат на грчката страна од необележаната граница. Околу илјада луѓе придружувани од грчка полиција и голем број репортери стасаа до Сува Река, од каде што со помош на јажиња беа префрлени до другата страна од брегот.2DF8F642-2343-402B-9FF8-D9C112610212_w308_h173

Меѓу самитот ЕУ-Турција на 7-8 март Брисел соопшти дека балканскиот пат веќе е прекинат  за бегалците. Уште пред оваа средба Македонија застана речиси целосно минатата недела  на транзитот на мигранти низ нејзината територија усогласено со политиката на другите земји од балканскиот правец .. Тоа предизвика илјадници луќе мигранти  при Идомени, каде во моментов има помеѓу 12 000 и 17 000 мигранти според различни пописи.

Условите во привремениот логор се многу лоши поради речиси постојаните врнежи минатата недела.идомени1

Според Атина, на грчка територија има 44 532 мигранти како поголемиот дел од нив е во Северна Грција – 23 042. На грчките острови во Егејот се регистрирани 9264 лица. Во Идомени има 12 000. Освен, крај Кукош има 3540 луѓе, во Поликастро 3370, а во Диавата 2003.

Претходно овој месец телевизија “Телма” предупреди дека Грција сака да отвори нов коридор за нелегалното влегување на мигранти во Македонија. Грчката армија за три дена крена шатори за 72-часовен престој за 20 000 луѓе во близина на македонската граница. Очигледно е дека тоа се прави со изгледите овие луѓе да продолжат по балканската забранета  маршрута. Европската унија остро го критикува Грција поради нејзините дејства по миграциската  криза. Извештај кој беше објавен пред малку повеќе од еден месец, констатира дека Атина не вложува никакви напори за проверка и регистрацијата на мигрантите кои доаѓаат по нејзините острови. Наместо тоа, грчките власти брзаат да  ги испратат мигрантите на север и да ги пренесат во Македонија и така да се ослободат од несаканите проблем.

еу стоп

Оваа политика создааде тензии во Македонија и ЕУ. Се заговара  дури  и за привремено откажување од Шенген – едно од успесите на ЕУ, а Виена дури побара Грција привремено да биде исклучена од зоната за слободно движење. За да се заштитат од мигрантите и недобронамерните активности на грчките власти Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Вишеградската четворка одлучија да ги запираат мигрантите на грчко-македонската граница, воспоставувајќи строга контрола по неа. Повеќето од овие земји веќе испратија свои полициски контингенти кои патролираат заедно со своите македонски колеги Овие мерки веќе ги даваат првите резултати. Минатата година Гриција пропушти неконтролирано  преку својата територија над 800 000 бегалци и мигранти од Блискиот Исток.

 

loading...