Грчко МНР: Членките на ЕУ да соработуваат за реализирање на европската перспектива на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение испрати охрабрување до Северна Македонија и Албанија да останат посветени на патот на реформите и ги повика членките на Европската Унија да соработуваат за реализирање на европската перспектива на Западниот Балкан во корист на регионот, но и на Европа.

„Овој став, како што вчера истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Европскиот совет во Брисел, останува една од основните и непроменети оски на грчката надворешна политика. Грција ќе продолжи да ги поддржува соодветните напори на земјите од регионот да ги исполнат потребните услови за интеграција во нашето пошироко европско семејство. За постигнување на оваа цел, ги охрабрува да останат посветени на патот на реформите кои само позитивно можат да влијаат на нивниот тек кон нивно приближување до Европската унија, но и на животот на нивните граѓани. Паралелно, ги повикува земјите-членки на ЕУ да соработуваат за реализирање на европската перспектива на Западен Балкан во корист на регионот, но и на самата Европа. Грција цврсто ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, перспективата што почетната точка ја имаше на Самитот во Солун во 2003, стои во соопштението на грчкото МНР.

Слични содржини