Грција: Судир меѓу полицијата и демонстрантите, повредени десет полицајци

од Stefanija Kuzmanovska

Десет полицајци се повредени синоќа во судири со демонстранти во Мениди, Грција, со што продолжуваат инцидентите откако полицаец во Солун рани 16-годишен тинејџер затоа што не ја платил сметката на бензинска пумпа.

Истовремено во Атина и Солун се одржаа протести по повод 14-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос (16), кој беше застрелан од полицаец во 2008 година. Според ЕЛАС, од 10-те полицајци повредени во Мениди, шест биле погодени од разни предмети, а четворица со шрапнели.

Во вторникот вечерта демонстрантите се собраа во Мениди, запалија гуми и фрлаа предмети кон присутните полициски сили.

Полицијата употреби шок бомби и уапси две лица, пренесува „Прототема“.

Претходно, група го блокирала Егалео, едно од поголемите предградија на Атина, затворајќи ја главната авенија неколку часа. Биле поставени барикади со запалени гуми.

Од вторникот рано попладне, група млади демонстранти, претежно Роми, излегоа на улиците за да протестираат поради ранувањето на тинејџер во Солун.

Слични содржини