На летокот има карта на која се наведени патеките и начините на кои треба да се движат мигрантите.

флаер

Грчките власти, со помош на вработените од невладини организации, поделиле  флаери со упатства како да ја преминат границата и да навлегуваат во Република Македонија.

Како што веќе јави Локално.мк. на оваа замижува и асистира  и грчката полиција и ги остава мигрантите илегално да ги бараат посочените премини.Меѓу мигрантите кои вчера упаднаа на македонска земја, беа откриени флаери на арапски јазик. На нив има и шема како да ја минат т државната граница и да упаднат на македонска територија. На летокот има карта на која се наведени патеките и начините на кои треба да се движат мигрантите. На нив е испишан и времето на поаѓање од Идомени / Сухово /, кампот, кој се наоѓа недалеку од македонската граница.

Ново: Повик за насилно влегување на мигрантите во Македонија

Вчера попладне, според различни извори од Грција во Република Македонија илегално влегоа помеѓу 500 и 1000 мигранти. При преминувањето на Сува Река тие беа помогнати од службеници на невладини организации, кои држеле  и јаже за да можат да ја  преминат реката. Тројца од нив сепак се удавија.migranti_dron

Македонските власти предупредија дека “сите илегални мигранти ќе бидат вратени назад таму каде што дошле”. На една од флаери се наоѓа и името на поранешниот германски министер – 80-годишниот Норман Блум. Од пред неколку дена тој се наоѓа во кампот Идомени / Сухово / и тврди дека е таму од хумани причини.

 Потсетува дека во изминатата 2015 година од Грција во Република Македонија пристигнаа над 750 000 мигранти. Сите тие беа транспортирани со автобуси или возови до пограничниот град Гевгелија. Од почетокот на оваа година до затворањето на “Балканскиот пат” во почетокот на февруари од Грција во Македонија влегоа над 89 000 лица. “Балканскиот пат” официјално беше затворен за време на средбата на врвот ЕУ-Турција на 7-ми февруари. Министерот за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-ЛаЈтнер  го поздрави Скопје за неговите напори во борбата против нелегалната миграција. “Македонија до сега има направено повеќе за стабилноста на Европа, отколку некои земји-членки на ЕУ”, истакна Јохана Микл-Лајтнер

 

Слични содржини